Достапни линкови

Американската Влада ја тужи „Стандард енд Пурс“


Американската влада ја обвини агенцијата за кредитен рејтинг "Стандард енд пурс" за измама и побара отштета од 5 милијарди долари. Претставници на американското министерство за правда ја обвинуваат агенцијата за намерно подигнување на рејтингот на ризични хипотеки со цел да добијат повеќе бизниси од банките.
Официјални лица велат дека шемата помогнала да се активира финансиската криза во 2008 и придонела за колапс на пазарот на недвижности.
Во тужбата не се наведени имиња на поединци за наводната измама.
Стандард и Пурс тужбата ја сметаат за неоснована, а наводите за измама за неточни.
XS
SM
MD
LG