Достапни линкови

Соломонските острови погодени од цунами


Цунами со помал интензитет ги погоди Соломонските острови, откако голем подводен земјотрес со јачина од 8 степени го погоди регионот на Јужниот Пацифик. Според првичните извештаи нема информации за евентуални штети или жртви. Земјотресот предизвика неколку предупредувања за можно цунами за неколку острови во Jужниот пацифик, вклучувајќи ги Австралија и Индонезија кои се во состојба на готовност.
XS
SM
MD
LG