Достапни линкови

logo-print

Бугарија го обвини Хезбулах за ланскиот бомбашки напад во Бургас


Фотографија од бомбашкиот напад врз туристички автобус во Бургас во јули минатата година во кој загинаа петмина израелски туристи и возачот на автобусот.

Фотографија од бомбашкиот напад врз туристички автобус во Бургас во јули минатата година во кој загинаа петмина израелски туристи и возачот на автобусот.

Министерот за внатрешни работи на Бугарија Цветан Цветанов ја обвини либанската милитантна организација Хезбулах за бомбашкиот напад врз туристички автобус во Бургас во јули минатата година во кој загинаа петмина израелски туристи и возачот на автобусот. Цветанов рече дека во нападот учествувале три лица, од кои едниот имал оригинален канадски, а едниот оригинален австралиски пасош. Тој рече дека има докази за финансиски врски меѓу тие двајца и Хезбулах. Израел и САД побараа од ЕУ да преземе дејствија против Хезбулах. Израел и претходно ја обвини оваа организација, но и Иран за нападот. Техеран негираше вмешаност, а Хезболах не ги коментираше обвинувањата.
XS
SM
MD
LG