Достапни линкови

Гроган - Македонија треба да донесе тешки одлуки


Aмбасадорот на Ирска во Романија Оливер Гроган на Седница на собраниската Комисија за европски прашања во македонското Собрание.

Aмбасадорот на Ирска во Романија Оливер Гроган на Седница на собраниската Комисија за европски прашања во македонското Собрание.

Надминувањето на политичката криза треба да биде приоритет за Владата и политичките партии и не смее да се дозволи таа да ја попречи иднината на земјата. Тие треба да направат се за ЕУ да има позитивна оценка. Ирското претседателство и ЕК не можат да го направат тоа, туку тоа останува на вас самите. Ова го изјави ирскиот амбасадор Оливер Гроган кој денеска во ЕУ Инфо центарот ги презентираше политиките и приоритетите на ирското претседателство во однос на процесот за проширување.

„Ова е историски момент за вашата земја, до извештајот на Комисијата остануваат неколку недели и треба да бидат донесени тешки одлуки“, рече Гроган.

Тој попладнево се сретна со вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи.
XS
SM
MD
LG