Достапни линкови

Владата ќе даде 10 илјади евра за Трескавец


Манастирот Трескавец после пожарот.

Манастирот Трескавец после пожарот.

Владата одлучи да се исплати еднократна интервентна парична помош во износ од 615 илјади денари, односно околу 10 илјади евра, за санирање на првичните последици од пожарот во манастирскиот комлекс Трескавец. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев попладнево изјави дека Владата го задолжила Министерството за култура најдоцна за еден месец да изработи комплетен проект за реконструкција и рестарвација на целокупниот манастирски комплекс, односно деловите кои беа изгорени во пожарот. На Министерството за транспорт и врски и на Јавното претпријатие за државни патишта им е наложено да се интензивира работата за изградба на патот кој води до манастирскиот комплекс Трескавец. Владата потоа треба да излезе со дополнителна финансиска поддршка, рече Ѓорѓиев.

Во меѓувреме, Советот за култура на опозициската СДСМ ја обвини власта за постојана негрижа за културното наследство и побара одговорност за пожарот во Трескавец од Министерството за култура и од Управата за културно наследство. Министерство за култура, пак, реагира дека СДСМ користи еден немил настан за дневно-политички цели.
XS
SM
MD
LG