Достапни линкови

logo-print

Стоковата размена со странство намалена за речиси 1 милијарда долари


Стоковата размена на Македонија со странство во 2012 година е околу 10,5 милијари долари, што е за околу 950 милиони долари помалку од претходната 2011 година, но трговскиот дефицит е речиси непроменет. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во 2012 од околу 2,5 милијарди долари е за околу 43 илјади евра помал во споредба со претходната 2011 година, што значи дека речиси подеднакво се намалиле и увозот и извозот.

Минатата година земјава увезла стоки во вредност од околу 6,5 милијарди долари, а извезла за околу 4 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,5 проценти.

Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.
XS
SM
MD
LG