Достапни линкови

Симболичен, но важен состанок меѓу Николиќ и Јахјага


Прва средба на претседателите на Србија и на Косово, Томислав Николиќ и Атифете Јахјага за нормализација на односите меѓу двете земји.

Во Брисел, под покровителство на Европската Унија, за прв пат ќе се состанат претседателите на Србија и на Косово, Томислав Николиќ и Атифете Јахјага. Претседателката на Косово, во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека основна цел на состанокот е нормализација на билатералните односи.

Ќе разговараме за целосна нормализација на односите меѓу Република Косово и Република Србија, за потребата од продолжување на дијалогот, за постигнување спогодби кои се важни за доброто на сите граѓани на двете држави, како и од корист за добрососедските односи и мирот и стабилноста во регионот, истакнува претседателката на Косово Атифете Јахјага.
Овој состанок е симболичен, но и важен, бидејки е прв меѓу претседателите на Косово и на Србија, кој треба да води кон нормализација и унапредување на односите меѓу двете суверени и независни држави. Ние ќе го подржиме и дијалогот меѓу премиерите што е во тек, под закрила на Европската Унија и со подршка на Соединетите Држави.

„Овој состанок е симболичен, но и важен, бидејки е прв меѓу претседателите на Косово и на Србија, кој треба да води кон нормализација и унапредување на односите меѓу двете суверени и независни држави. Ние ќе го подржиме и дијалогот меѓу премиерите што е во тек, под закрила на Европската Унија и со подршка на Соединетите Држави.”

Јахјага додава дека состанокот кој го организира шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон, е всушност почеток на еден специфичен дијалог, не прецизирајки дали е предвидено и потпишување на некаков конретен договор.

„Главната цел на овој состанок е да бидат најдени решенија за повеќе прашања со почитување на европските норми и стандарди, како и меѓународните конвенции. Претседателскиот состанок треба да му даде нов импулс на дијалогот, иако владата на Косово го има мандатот од парламентот да го води процесот на дијалог.”

Јахјага повтори дека признавањето на Косово како независна држава ќе ја зајакне стабилноста на регионот, а Косово и Србија треба меѓусебно да се подржуваат на патот кон Европската Унија. Предвидено е Кетрин Ештон најнапред да има одвоени средби со Николиќ и со Јахјага, а потоа да се одржи и заедничкиот. Повеќето политички аналитичари се согласуваат дека нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија ќе придонесе за стабилизација на ситуацијата во целиот регион.

Во меѓувреме во Брисел продолжува дијалогот меѓу Приштина и Белград на експертско ниво за технички и практични прашања.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG