Достапни линкови

Грузискиот премиер го обвини претседателот за дестабилизација на земјата


Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили.

Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили.

Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили го обвини претседателот Михаил Саакашвили дека сака да ја дестабилизира земјата. На денешната прес-конференција по повод 100 дена влада во Тбилиси, Иванишвили рече дека партијата Обединето национално движење на Саакашвили „се обидува да испровоцира граѓански конфронтации“. Тој исто така рече дека Грузија ќе ги обнови односите со Русија додека ги поврати „загубените“ региони Абхазија и Јужна Осетија. Минатиот месец, Саакашвили ги нападна премиерот Иванишвили и Русија во неговото обраќање пред Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тој ја обвини грузиската влада дека спроведува селективна правда. Коалицијата Грузиски сон на Иванишвили победи на парламентарните избори што се одржаа во октомври.
XS
SM
MD
LG