Достапни линкови

Попоски - Ирска има симболика во македонските евроинтеграции


Aмбасадорот на Ирска за Македонија со седиште во Романија Оливер Гроган на Седница на собраниската Комисија за европски прашања во македонското Собрание.

Aмбасадорот на Ирска за Македонија со седиште во Романија Оливер Гроган на Седница на собраниската Комисија за европски прашања во македонското Собрание.

Доделувањето датум за преговори за време на ирското претседателство со ЕУ ќе биде од историско значење за Македонија и ќе има одредена симболика, од причина што статусот на земја кандидат го добивме во 2005 година, кога Ирска исто така беше претседавач со Унијата.

Ова го истакнал министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба со амбасадорот на Ирска за Македонија со седиште во Букурешт, Оливер Гроган, соопшти МНР.

На средбата станало збор околу континуираната поддршка што Ирска ја дава во процесот на евроинтеграции на Македонија.
XS
SM
MD
LG