Достапни линкови

logo-print

За жал ќе мора да го избереме помалото зло. Помалото зло е добра иднина на земјата со послаб СДСМ, којшто ќе има доволно време пополека да се враќа, но барем во нормална земја, вели потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.

На десетина дена пред законската обврска да се поднесат кандидатските листи за локалните избори, опозицијата останува на ставот дека ќе ги бојкотира локалните избори. Нашите одлуки се рационални и изнудени. Свесни сме за последиците што бојкотот ќе го има врз СДСМ, но на подолг рок, таа наша одлука ќе биде подобра за иднината на сите граѓани и за Македонија, вели потпретседателот на партијата, Зоран Заев.
За жал ќе мора да го избереме помалото зло. Помалото зло е добра иднина на земјата со послаб СДСМ, којшто ќе има доволно време пополека да се враќа, но барем во нормална земја. Ако ВМРО-ДПМНЕ настапи сам во тој случај надвор од сите институции ќе имаме можност чекор по чекор по сите демократски методи коишто ни стојат на располаѓање да се обидеме да ги симнеме од власт и да ги вратиме слободата и демократијата во државата.

„За жал ќе мора да го избереме помалото зло. Помалото зло е добра иднина на земјата со послаб СДСМ, којшто ќе има доволно време пополека да се враќа, но барем во нормална земја. Ако ВМРО-ДПМНЕ настапи сам, во тој случај надвор од сите институции ќе имаме можност чекор по чекор по сите демократски методи коишто ни стојат на располаѓање да се обидеме да ги симнеме од власт и да ги вратиме слободата и демократијата во државата.“
Можноста ВМРО-ДПМНЕ да ги добие сите општини и да ја зацврсти својата моќ и на локално ниво, според Заев, ќе значи продолжување на погубните политики на власта. СДСМ, свесно се откажува од општините кои со сигурност би можеле да ги добијат нивните градоначалници, но ништо не е поважно од слободата и демократијата во едно општество, вели Заев.

„Ќе тргнам од мојата Струмица, којашто имам чест да ја водам осум години, нема радости за нови тротоари, за нови улици, за нови водоводи, плоштади, ако нема слобода и демократија.“

Оваа ситуација навидум потсетува на деведесеттите години кога во периодот од 1994 до 1998 година, во законодавниот дом немаше опозиција. Единствената разлика од тогаш и сега е што во тоа време, тогашната опозициона ВМРО-ДПМНЕ имаше локална власт во неколку општини.
Беа поинакви времиња, во прашање беше безбедносната ситуација во државата и меѓуетничките односи во поинакво светло, така што сега имаме сосема друга димензија.

„Беа поинакви времиња, во прашање беше безбедносната ситуација во државата и меѓуетничките односи во поинакво светло, така што сега имаме сосема друга димензија. Во прашање е процесот на евроинтегрирање на државата и нивото на демократизацијата на државата, затоа сега не е препорачливо власта да функционира без опозиција“, вели Мерсел Биљали, поранешен пратеник на ПДП и универзитетски професор.

Експертите велат дека товарот од ваквата реакција на власта и опозицијата, односно неможноста од дијалог и решение на кризата ќе се одрази негативно и за двете страни.

За ВМРО-ДПМНЕ и за Владата, негативниот момент се можните негативни последици во однос на евроинтеграциите и доколку протестите продолжат, економијата на земјата.

За СДСМ, негативноста е тоа што партијата при бојкот ќе ја изгуби моќта и во оние малку општини каде што сега владее.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG