Достапни линкови

Ахмадинеџат пристигна во прва посета на Египет


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат допатува во Каиро, во прва официјална посета на ирански лидер од Исламската револуција во 1979-та година. Ахмадинеџат ја предводи иранската делегација на самитот на Организацијата на исламската конференција, кој почнува утре во Каиро. Односите меѓу Иран и Египет беа во прекин од 1980-та година, кога Египет потпиша договор за мир со Израел. По соборувањето на Хосни Мубарак и догањето на власт на Муслиманското братство, Техеран ги подобрува односите со Каиро.
XS
SM
MD
LG