Достапни линкови

logo-print

Продолжува дијалогот Белград - Приштина


Во Брисел денеска се одржува нова рунда од техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина. Експертските тимови на Косово и на Србија ќе ги разгледаат прашањата во врска со електричната енергија и телекомуникациите. Инаку, за утре е предвиден состанок меѓу претседателите на Србија и на Косово Томислав Николиќ и Артифете Јахјага со присуство на шефицата за надворешна политика на Европската Унија Кетрин Ештон.
XS
SM
MD
LG