Достапни линкови

Ахмадинеџад во посета на Каиро


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад најави дека оваа недела ќе го посети Каиро. Тоа ќе биде прва посета на Ахмадинеџад во последниве 3 децении. Тој ќе учествува на самитот на Исламската конференција кој ќе биде одржан во среда во Каиро.
Египетските власти не соопштија дали се очекува средба на египeтскиот претседател Мухамед Морси со Ахмадинеџад.
Односите меѓу овие две држави се влошија по исламската револуција во Иран во 1979 година. Морси по доаѓањето на власт минатата година го посети Техеран каде што учествуваше на Самитот на движењето на Неврзаните.
XS
SM
MD
LG