Достапни линкови

logo-print

Ердоган повторно ја критикува ЕУ


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повторно ја критикуваше ЕУ за, како што вели, „неприфатливото “ одложување со кое и се оневозможува на земјата да се приклучи кон Унијата. Тој тоа го изјави во Прага при средбата со неговиот чешки колега Петр Нечас. Ердоган изјави дека Турција стои пред вртатите на Унијата од 1959 година и дека официјалните преговори за влез се стартувани во 1963 година. Тој потсети дека околу 5 милиони Турци веќе живеат на територија на ЕУ.
Ердоган изрази надеж дека еврокомесарот Штефан Филе кој по потекло е од Чешка ќе помогне Турција да ја постигне целта за членство во Унијата.
Нечас изјави дека Чешка ја поддржува целта на Турција да стане членка на Унијата откако ќе ги заврши преговорите.
XS
SM
MD
LG