Достапни линкови

Сириската опозиција чека одговор од Асад


Сирискиот опозициски лидер Ахмед Моаз Ал Катиб го повика претседателот Башар Ал Асад да одговори на понудата за мировен дијалог. Лидерот на Сириската национална коалиција Катиб изјави дека понудата која ја одставил до Асад е прекин на огнот и крвопролевањето во Сирија со цел да се овозможи мирна транзиција на режимот. Тој додаде дека е подготевен да разговара под услов да се ослободат 160 илјади притворени Сирици. Минатиот месец Асад изјави дека е подготвен да се сретне со опозициските групи но тоа да не биде Националната Коалиција чиј лидер е Катиб.
XS
SM
MD
LG