Достапни линкови

Стурнарис предупреден со куршум во писмо


Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас добил куршум и смртна закана од група, која протестира против планираните мерки кон сопствениците на имот со истечени хипотеки, соопшти полицијата.
Пакетот бил испратен од група наречена „Критска револуција“, која со писмото го предупреди министерот за секаков обид за одземање на имотот и принудното иселување на сопствениците, соопшти полицијата.
Групата минатата недела испратила писма со слична содржина до кацнелариите на даночните служби на островот Крит.
Стурнарас, предизвика незадоволство кај голем број граѓани откако ја поддржа рестриктивната политика, на која инстистираат Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд како услов за отпуштање за Грција милиајрди евра спасувачка помош.
XS
SM
MD
LG