Достапни линкови

Шансите за предвремени избори во Косово растат


Илустрација

Илустрација

Преговорите за зајакнување на колициската Влада на Косово со привлекување на партијата на поранешниот лидер на ОВК Рамуш Харадинај денеска не успеаја, со што се зголемија шансите за одржување предвремени избори, јави косовските медиуми. Косовскиот премиер Хашим Тачи, кој се обиде да го привлече поранешниот премиер Рамуш Харадинај и неговата Алијанса за иднината на Косово во коалициската Влада за да го зајакне слабото мнозинство во Парламентот, изјави дека коалицијата останува стабилна.
Ниту една од страните не ги посочи причините за неусехот на преговорите.
Харадинај, кој во декември беше ослободен од обвиненијата за воени злосторства од Хашкиот трибунал сакаше да го замени Тачи на премиерската функција во замена за поддршката на 12-те пратеници од неговата Алијанса за иднината на Косово во Парламентот.
Редовните избори на Косово треба да се одржат до крајот на 2014 година.
XS
SM
MD
LG