Достапни линкови

Изгасен пожарот во манастирскиот комплекс „Трескавец“


архива

архива

Синоќа е целосно изгаснат пожарот во манастирскиот комплекс „Трескавец“.
Во големиот пожар што избувна вчера изгореа конаците, но спасени се црквата „Успение на пресвета Богородица” од 13 век и трпезаријата која датира од 14 век.
Во борбата со огнената стихија интервенираа три армиски хелихоптери, армиска единица од прилепската касарна, противпожарната единица од Прилеп, возило од Битола и преку 200 граѓани кои се одзваа на апелот на Центарот за управување со кризи за да помогнат во гаснењето.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска изјави дека по увидот кој што го направиле екипи од прилепскиот Завод и музеј, денеска ќе биде доставена информација до Владата за да се направи план за обнова на овој споменик на културата.
Се уште не се познати причините за настанокот на пожарот ниту за конечната вредност на предизвиканата штета.
XS
SM
MD
LG