Достапни линкови

Колку е безбеден Скајп?


Ако зборувате на телефонот преку Скајп, не значи дека никој не ве прислушкува.

Ако зборувате на телефонот преку Скајп, не значи дека никој не ве прислушкува.

Многумина мислат дека телефонските разговори на Скајп нудат поголема заштита од прислушкување од страна на владата, отколку користењето фиксни или мобилни телефони. Но, дали е тоа така?

Активистите и дисиденти кои се загрижени поради владиниот надзор одамна знаат дека не треба да зборуваат многу слободно на телефон. Фиксните и мобилните телефони им нудат на репресивните влади безброј начини за прислушкување, особено кога операторите се во сопственост или се поврзани со владата, пишува дописникот на Радио Слободна Европа Чарлс Рекнагел. Но, дали интернет телефонските сервиси, кои за многумина се посигурна алтернатива, се навистина посигурни?
За неколку стотини долари може да купите малвер и да го инсталирате на компјутерите на оние кои користат Скајп. Го праќате преку е-маил и ако корисникот кликне на атачментот, тогаш малверот се инсталира на компјутерот. Со ваков вид на малвер вие може да ги снимате разговорите на Скајп, пишаните пораки и да ги добиете сите контакти на некој што користи скајп.

Експертот за дигитална безбедност и приватност во Репортери без граници Грегори Пуже вели дека порано можеби тоа било точно. Но, денес, вели тој, организациите за човекови права сè повеќе слушаат за луѓе кои се во затвор или кои се тужени врз основа на он-лајн телефонски разговори.

„Во Белорусија и во Русија, новинари ни кажаа дека им биле прислушкувани разговорите преку Скајп“, вели тој.

Скајп е убедливо најголемиот провајдер за интернет телефонија во светот со околу 600 милиони корисници. Пуже вели дека причина за поголема ранливост на интернет телефонските сервиси е зголемувањето на достапноста на компјутерските вируси и програми што ги напаѓаат.
Она што е многу потребно е поголема сигурност, зашто во 2005 година Скајп соопшти дека никој не ве прислушкува и кога луѓето почнаа да користат Скајп, тоа беше главна поента за продажба – беше евтин, слободен, а исто така и безбеден. Ако тоа се сменило, корисниците на Скајп заслужуваат да знаат како и зошто за врз база на тие информации да донесат одлука.

„За неколку стотини долари може да купите малвер и да го инсталирате на компјутерите на оние кои користат Скајп. Го праќате преку е-маил и ако корисникот кликне на атачментот, тогаш малверот се инсталира на компјутерот. Со ваков вид на малвер вие може да ги снимате разговорите на Скајп, пишаните пораки и да ги добиете сите контакти на некој што користи скајп.“

За време на Арапската пролет што почна во декември 2010 година, активистите преку интернет тајно организираа масовни протести и ги фатија властите со „спуштен гард“. Така беа соборени властите во Египет, Тунис и Јемен. Поради ова, активистите во многу земји почнаа да го сметаат интернет за безбедна зона, која нивните влади не можат да ја надгледуваат. Но сега и авторитарните влади ја сфатија моќта на интернетот и ништо не може да биде земено здраво за готово.

За да ги предупредат од опасноста од следење, и Скајп и корисниците, Репортери без граници и неколку други организации му напишаа отворено писмо на овој интернет гигант минатиот месец. Во писмото се бара од Скајп да го нагласи нивото на безбедност на нивната мрежа. Сопственикот на Скајп, Мајкрософт, соопшти дека го разгледува писмото, но не одговори јавно на него.

Технологот во Прајваси интернејшнал од Лондон, Сем Смит, вели дека Скајп се сметаше за безбеден зашто во 2005 година издаде соопштение со кое ги уверува корисниците дека никој не ги прислушкува. Но, откако Мајкрософт го купи Скајп за 8,5 милијарди долари во 2011 година, не е издадено такво јавно соопштение, вели тој.

„Она што е многу потребно е поголема сигурност, зашто во 2005 година Скајп соопшти дека никој не ве прислушкува и кога луѓето почнаа да користат Скајп, тоа беше главна поента за продажба – беше евтин, слободен, а исто така и безбеден. Ако тоа се сменило, корисниците на Скајп заслужуваат да знаат како и зошто за врз база на тие информации да донесат одлука.“

Додека корисниците чекаат повеќе информации од Скајп, некои експерти за приватност им порачуваат на активистите да размислат како комуницираат преку интернет.

„Можеби треба да се прашате, дали навистина морам да зборувам преку интернет, не ли се текстуалните пораки доволни? Ако за вас текстуалните пораки се доволни, може да се обидете да користите некои многу ефикасни алтернативи кои ќе го криптираат сето она што го пишувате додека разменувате текстуални пораки со некого“, вели Грегори Пуже од Репортери без граници.

Експертите за безбедност им препорачуваат на корисниците да обрнат особено внимание на политиките на давателите на услуги за складирање на информациите и за тоа како се справуваат со барањата на властите за пристап до складираните информации.

Сем Смит од Прајваси интернејшнал вели дека е важно да се знаат ваквите политики затоа што ако провајдерите овозможуваат пристап до складираните информации, тогаш лесно може да се пребарува и по енкриптираните податоци.

Колку властите може да бараат и да добијат пристап до информациите на интернет и под кои услови е едно од најпознатите спорни прашања меѓу провајдерите и владите денес. Позициите во голема мера се разликуваат од една до друга интернет компанија и од една до друга земја.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG