Достапни линкови

logo-print

Ахмадинеџад сака да биде првиот ирански астронаут


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во посета на изложба за вселенска технологија во Техеран.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во посета на изложба за вселенска технологија во Техеран.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека сака да биде првиот ирански астронаут. Подготвен сум да се жртвувам, рече тој, и да бидам првиот Иранец во вселената. Иран минатата недела лансираше ракета, која однесе мајмун во вселената. Капсулата со мајмунот безбедно се врати на земјата, што го зголеми оптимизмот за испраќање ракета со екипаж. Во 2010 година, Иран лансираше ракета со глушец, желка и црви.

Вториот претседателски мандат на Ахмадинеџад истекува во јуни годинава и тој нема право повторно да се кандидира.

Иранските научници велат дека се потребни уште најмалку четири години за првиот ирански лет во вселената со екипаж.

Американскиот сенатор Џон Мекејн, кој е гласен противник на иранскиот режим, ја искоментира оваа изјава на Ахмадинеџад на твитер:

„Значи Ахмадинеџад сака да биде првиот Иранец во вселената. Не ли беше таму минатата недела?“, напиша Мекејн, алудирајќи на мајмунот што го лансираше Иран.
XS
SM
MD
LG