Достапни линкови

Ирска ги поддржува и евро-интеграциите на Македонија


Aмбасадорот на Ирска во Романија Оливер Гроган на Седница на собраниската Комисија за европски прашања во македонското Собрание.

Aмбасадорот на Ирска во Романија Оливер Гроган на Седница на собраниската Комисија за европски прашања во македонското Собрание.

Ирска ја поддржува и охрабрува Република Македонија да продолжи со напорите за полноправно членство во ЕУ. Ќе работиме на ова со голема енергија. Македонските државни институции и политички партии треба да направат сè за надминување на актуелната политичка криза за да има позитивна перцепција во рамките на ЕУ, што би се одразила и во пролетниот извештај на ЕК.

Ова го порача амбасадорот на Ирска, инаку резидентен амбасадор во Букурешт, Романија, Оливер Гроган, кој ги претстави приоритетите и програмата за работа на ирското претседателство со ЕУ за периодот јануари - јуни 2013 годинана на денешната заедничка седница на собраниските комисии за европски прашања и за надворешна политика и членовите на Националниот совет за евроинтеграција.
XS
SM
MD
LG