Достапни линкови

Харадинај стана почесен граѓанин на Тетово


Поранешниот лидер на Ослободителната војска на Косово и претседател на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај.

Поранешниот лидер на Ослободителната војска на Косово и претседател на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај.

Поранешниот лидер на Ослободителната војска на Косово и претседател на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај денеска со свеченост пред зградата на локалната самоуправа во Тетово беше прогласен за почесен граѓанин на општината. Признанието му го додели градоначалникот Сади Беџети. Во своето обраќање пред присутните пред општината, Харадинај истакна дека се чуствува исто како и во местото каде што е роден.

Два часа пред церемонијата пред општина Тетово, револтот од одлуката за прогласување на Харадинај за почесен граѓанин изрази претседателот на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, затоа што, како што рече, Македонија во 2001 година била напаѓана од Косово.

Пред официјалната церемонија, Харадинај во партиското седиште на ДПА се сретна со нејзиниот претседател Мендух Тачи, а потоа го посети и гробот на Арбен Џафери на муслиманските гробишта во Тетово.
XS
SM
MD
LG