Достапни линкови

Појасот на трска во Охридско Езеро се зголемува


Појасот на трската е зголемен за 2,8 хектари и покрај уништувањето од страна на човекот, покажало истражувањето на Хидробиолошкиот институт од Охрид.

Истражувањата на научните работници покажуваат дека има зголемување на површината со трска околу Охридското езеро за 2,8 хектари, и покрај неконтролираното уништување од страна на човекот.
Тоа укажува дека трската интензивно расте и се развива што веројатно се должи на зголемени присуство на внесени хранливи материи во езерската вода. Трската претставува важен продуцент на кислород и природен био филтер за прочистување на езерската вода.

Регистрација на појасот на трската, како основа за понатамошно следење на состојбите во Охридското Езеро, а со цел определување на стратегија за нејзина заштита, е проект на Хидробиолошкиот институт од Охрид финансиран од локалната сaмоуправа.

Марина Талеска од Хидробиолошкиот институт вели дека трската е место каде што се мрестат голем број риби и се гнездат различни видови птици.

„Тоа укажува дека трската интензивно расте и се развива што веројатно се должи на зголемени присуство на внесени хранливи материи во езерската вода. Трската претставува важен продуцент на кислород и природен био филтер за прочистување на езерската вода“, вели Талевска.
Сведоци сме дека во денешно време во голем дел трпи уништување од човекот, како одредени локалитети кои се уништуваат за плажи, трската се уништува. Целта е да се следи целата ситуција и да се подигне јавната свест на населението за значењето на трската и да не се уништува.

Стручните лица од Хидробилошкиот институт во иднина ќе треба да дадат насоки како да се постапува со појасите на трската и само со нивно одобрение истата ќе да може да се сече или ретчи.

Јасмина Момироска од секторот за заштита на животната средина во општина Охрид вели она што е потребно да се направи е да се подигне нивото на јавната свест кај населението.

„Сведоци сме дека во денешно време во голем дел трпи уништување од човекот, како одредени локалитети кои се уништуваат за плажи, трската се уништува. Целта е да се следи целата ситуција и да се подигне јавната свест на населението за значењето на трската и да не се уништува“, вели Момироска.

Неодамна беше исечена дел од трската во близина на Езерската полиција во Охрид. Од хидробиолошкиот институт тогаш рекоа дека тоа било направено со нивна дозвола по претходно мислење и барање за тоа.

Сашо Точков од Центарот за јавно здравје вели дека е недопустливо уништување на трската без разлика колку е таа стара.

„Тука се мрестат краповите и други риби. Се она што е уништување на крајбрежната флора и фауна ќе донесе до нарушување на целокупниот еко систем. Секаде каде има трска таа е мрестилиште на одредени видови риба“, вели Точков.

Одредени истражувања направени пред повеќе од 25 години покажуваат дека најголеми површини на трска на Охридското Езеро од Македонска страна има на струшкиот дел односно на северозападното и на северното подрачје и кај Свети Наум.
XS
SM
MD
LG