Достапни линкови

Тачи и Харадинај не договорија коалиција


Архивска фотографија: Лидерот на Алијанса за иднина на Косово на Рамуш Харадинај и премиерот и претседател на Демократската партија на Косово Хашим Тачи.

Архивска фотографија: Лидерот на Алијанса за иднина на Косово на Рамуш Харадинај и премиерот и претседател на Демократската партија на Косово Хашим Тачи.

Опозициската Алијанса за иднина на Косово на Рамуш Харадинај не постигна договор за влез во владејачката коалиција со Демократската партија на Косово, чиј лидер е премиерот Хашим Тачи. Во соопштение од Алијансата се наведува дека денеска се сретнале делегации на двете партии предводени од лидерите, но не е постигната согласност за влез во коалицијата. Алијансата прифаќа учество во коалицијата доколку добие премиерско место за Харадинај, но ДПК не се согласува.
XS
SM
MD
LG