Достапни линкови

(Не)зависни кандидати за локалните избори


Независни советници во општина Куманово.

Независни советници во општина Куманово.

„Одметнатите“ кумановски сдсмовци тврдат дека се независни и оти работат исклучиво во интерес на граѓаните, но граѓаните и партиските активисти од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ имаат поинакво мислење.

И покрај тоа што поголемиот дел од „одметнатите“ кумановски сдсмовци од матицата тврдат дека се независни исклучиво во интерес на граѓаните, при тоа истакнувајќи ја нивната социјалдемократска определба, граѓаните и партиските активисти од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ имаат поинакво мислење.
Куманово е мојот град, во кој живеам јас, моите родители, моите деца,... Ние овдека мораме нешто да направиме и имаме сили, имаме луѓе, имаме желба да се спротивставиме и на левиот и на десниот политички блок.

Душица Сеизовска Јовановиќ, поранешна сдсмовка се приклучи на независниот кандидат за градоначелник Виктор Цветковски, бидејќи како што вели:

„Куманово е мојот град, во кој живеам јас, моите родители, моите деца. Ние овде мораме нешто да направиме и имаме сили, имаме луѓе, имаме желба да се спротивставиме и на левиот и на десниот политички блок.“
Душица Сеизовска Јовановиќ, поранешен член на СДСМ од Куманово.

Душица Сеизовска Јовановиќ, поранешен член на СДСМ од Куманово.


И додава:

„Дали ќе останете во партијата или во Извршниот одбор во кој што можностите за напредок ги добиваат едни исти лица по одредени клучови за кои само тие знаат како функционираат.“

Максим Димитриевски од СДСМ, пак, смета дека тоа е демократско право.
Им посакувам среќа и успех. Тоа се лични ставови пред се мотивирани од лични побуди. Политиката јас не ја гледам така, според мене општите треба да се стават пред личните ставови и интереси.

„Им посакувам среќа и успех. Тоа се лични ставови пред се мотивирани од лични побуди. Политиката јас не ја гледам така, според мене општите треба да се стават пред личните ставови и интереси.“

Според Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ не е исклучено и да се работи на некоја задкулисна игра, која по извесен период ќе ги врати во членството сегашните незадоволници. Тој потсетува на времето кога НСДП беше формирана:
Бобан Николовски советник во општина Куманово, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Бобан Николовски советник во општина Куманово, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.


„Постои реална можност исто како што постоеше и со НСДП. Незадоволниците ги присобра и дел од нив пак ги врати во СДСМ. Тоа беше очајнички потег на Бранко Црвенковски. Можеби ова е ист таков случај.Градоначалникот и Цветковски да глумат заедно, Виктор да ги присобере незадоволните, а по извесен период да ги врати.“

Но, не мора да биде така, па Николовски претпоставува и:

„На Виктор чашата му се преполнила од сето она што го гледал во СДСМ, во начинот на функционирањето на СДСМ и на градоначалникот на Општината Куманово и човекот решил да се „испере“ од таа работа и да тргне по некој нов пат!“

А кумановци или не сакаат да зборуваат за политиката и партиските поделби, или се неинформирани, или пак се препуштени на стереотипите:

„Која независна? Оваа на Виктор?“

„Можат да бидат независни, но зависи од човекот и неговиот углед во градот. Но, само големите партии добиваат. Во Македонија ретко кој може сам да просперира.“

РСЕ: Може ли во Куманово да има независен кандидат за градоначалник?

„Би требало, зошто да не?“

„Самостоен нема шанси. Тешко во Куманово. Луѓето повеќе се определени партиски и има задоволни луѓе од партиите.“

РСЕ: Може ли да се испазари и пак да се врати во партија?

„Може да ја измеша математиката.“

„Се е можно во Македонија.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG