Достапни линкови

Гори манастирот Трескавец


Манастирот Трескавец.

Манастирот Трескавец.

Пожар попладнево избувнал во манастирот Трескавец. Портпаролот на Центарот за управување со кризи во Прилеп Влатко Котески изјави дека огнената стихија е голема и со неа е зафатен голем дел од манастирот.

Центарот за управување со кризи во Прилеп упатува апел до сите граѓани кои поседуваат теренски возила веднаш да се упатат кон манастирот Трескавец и да помогнат колку што можат во гаснењето на пожарот што го зафати овој голем манастирски комлекс.
XS
SM
MD
LG