Достапни линкови

logo-print

Засега без конкретни заклучоци од македонско-бугарските работни групи


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Засега нема конкретни заклучоци од средбите на работните групи меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија во однос на добросоедските односи, но за неколку седмици би имале слика за тоа што може да очекуваме од нив, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Попоски, додавајќи оти е добро што поскоро да се затвораат сите прашања. „Ние имаме исклучително отворен и конструктивен пристап во комуникацијата со сите соседи, вклучително и со Бугарија. Сметаме дека секој чекор кој може да ни овозможи подобро интегрирање, поголема соработка треба да го поздравиме“, рече Попоски по средбата со генералниот секретар на Советот за регионална соработка во Југоисточна Европа, Горан Свилановиќ во Скопје.
XS
SM
MD
LG