Достапни линкови

Почина Љубе Цветановски


По кратко боледување денеска почина Љубе Цветановски, професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, долгогодишен уредник и директор во Македонската телевизија.

Љубе Цветановски е роден во Слоештица во 1949 година. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија и на Сојузот на новинари на Македонија. Заедно со својот брат Јордан Плевнеш, коавтор е на сценариото за играниот филм „Тајната кннига”, што го режираше нивниот неодамна починати брат Владо Цветановски.

Во неговата богата телевизиска кариера реализирал педесетина патеписи, од исто толку егзотични земји под наслов „Патуваме - сонуваме”, потписник е на многу сценарија за документарни и музичко-документарни емисии, а се јавува и како автор на десетина играно-документарни филмови. За документарниот филм „Мојот татко Изет”, ја освои наградата Гранд при на Југословенскиот телевизиски фестивал во Неум.

Комеморацијата по повод смртта на Љубе Цветановски ќе се одржи утре во 11 часот во Кинотеката на Македонија. Погребот ќе се одржи утре на Градските гробишта Бутел во 14 часот.
XS
SM
MD
LG