Достапни линкови

Голема истрага за местење фудбалски натпревари


Илустрација.

Илустрација.

Европската полициска служба (Европол) откри криминална мрежа која местела фудбалски резултати на 380 натпревари, меѓу кои и во два натпревари од Лигата на шампиони и во квалификации за европско и светско првенство. Од наместените натпревари е остварен профит од околу 10 милиони евра.

Тоа е најголема полициска истрага за местење натпревари во Европа досега.

Според Роб Вајнврајт, шеф на Европол, за местење на резултатите од натпреварите осомничени се 425 судии, играчи и останати официјални лица во 15 земји. Истрагата траела 18 месеци при што е откриено дека координацијата била од Азија.
XS
SM
MD
LG