Достапни линкови

Пронајден скелетот на Ричард Трети


Илустрација.

Илустрација.

Британски научници соопштија дека го пронашле изгубениот скелет на англискиот крал Ричард Трети. Научниците од Универзитетот Лечестер соопштија дека доказите покажуваат дека скелетот пронајден под еден паркинг во градот минатата година, „без разумен сомнеж“ е на кралот Ричард Трети. Тие велат дека ДНК-та од пронајдените останки се совпаѓа со примерокот земен од негов далечен жив роднина. Скелетот кој има искривен ‘рбет и знаци на тешки повреди здобиени во битка беше пронајден за време на археолошки ископувања во септември. Кралот Ричард Трети загинал во битка во централна Англија во 1485 година, а неговите останки беа исчезнати со години.
XS
SM
MD
LG