Достапни линкови

Македонија дебело се задолжува


Новите задолжувања можат да ја доведат земјата до должничка криза, велат експертите. Според нив, парите од задолжувањата треба да се користат за продуктивни трошоци

На задолжувањата им нема крај, а долгот на централна влада за минатата година изнесува 2,25 милијарди евра или 32,1 отсто од БДП. По задолжувањата кај Светска банка и Дојче банка, владата утре ќе се позајми и 119 милиони евра од домашниот пазар.
Jавниот долг во Македонија расте, оваа година тој сигурно ќе се зголеми од едноставна причина што со буџетот имаме зацртан дефицит од 3,5 проценти, раст на долгот во однсо на БДП, а растот на домашната економија е зацртан на околу 2 проценти иако сме свесни дека и тоа е неостварливо.
Никола Попоски, поранешен министер за финансии.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека процесот на задолжување продолжува и секоја година се зголемува. Според него, владата одбива да го објавува вкупниот јавен долг, бидејќи најверојатно тој ја достигнува бројката од 40 отсто од БДП.

„Jавниот долг во Македонија расте, оваа година тој сигурно ќе се зголеми од едноставна причина што со буџетот имаме зацртан дефицит од 3,5 проценти, раст на долгот во однсо на БДП, а растот на домашната економија е зацртан на околу 2 проценти, иако сме свесни дека и тоа е неостварливо, што значи оваа година реална е опасноста да стигнеме некаде до 35 проценти на крајот.“

Според поранешниот гувернер на Народна банка Љубе Трпески, поважно е за што парите се употребуваат, а не колку сме задолжени.

„Се додека се движиме во рамките на мастришките критериуми и под нивото на буџетскито дефицит и под нивото на јавниот долг од општествениот производ нема потреба од покревање дискусија во тој план, туку има потреба од тоа за што парите се употребуваат, за кои намени.“
Моето мислење е дека треба да одат во намени кои вршат поврат на средствата и ќе овозможуваат поголем број на вработувања.
Љубе Трпевски, поранешен гувернер на Народна банка.

Трпески додава дека парите од задолжувањата треба да се користат за продуктивни трошоци.

„Моето мислење е дека треба да одат во намени кои вршат поврат на средствата и ќе овозможуваат поголем број на вработувања“.

Според Поповски, можностите за отплаќање се скратуваат секојдневно, затоа што владата нема економска состојба која може да го издржи тоа задолжување.

„Македонија постапно но сигурно ќе се доведува во должничка криза, која ќе го ограничува трошењето на средствата од буџетот за другите потребни намени, освен за плаќање на старите долгови.“

Владата за оваа година прогнозира еконосмки раст од два проценти, за разлика од Светска банка која очекува еден процент.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG