Достапни линкови

Младите колумнисти најкоментирани


Текстовите во нашата он -лајн младинска колумна од активистите на АМАН и ЛГБТ Јунајтед предизвикаа најмногу коментари.

Текстот на Александар Гочев од граѓанската иницијатива АМАН, во нашата он-лајн младинска колумна под наслов Влада на народот - сега или никогаш!“, предизвика вистинска полемика помеѓу двајца вредни посетители на веб-страницата, помеѓу Филип и некој потпишан „Од Македонија“: полемика за енергетската ефикасност, за односот на граѓаните кон сè поскапата енергија...
Главната поента во напишаното во колумната е со каков притисок се соочуваат граѓаните за една демократска акција, која може да има корист за сите, но која се коси со зацртаното од власта.

Но од економските теми за сончевите колектори, за ветерниците за струја, за Окта, ЕЛЕМ, Рек Битола, за електричните централи на обновливи енергии, за личниот однос на секој од нас спрема трошењето струја... и така натаму, полека западнале во политиката, како што вообичаено се случува кај нас.

Времето не ни дозволува да цитираме поголем дел од полемиката, но како илустрација, еве, овие два цитата: Филип до „Од Македонија“: „Дали очекуваш политичар да те запосли? Дали можеби очекуваш политичар да ти купи одмор во монденско летувалиште? Мислам дека би било подобро да му пишеш едно убаво писмо со желби на Дедо Мраз и да чекаш“, па иронизира: „Да, со чекање се решаваат работите, а Бранко излезе поголем маченик од Исус...“
Да се случеше истото во друга држава, па ние да прашавме дали има демократски капацитет.

„Од Македонија“ до Филип: „Главната поента во напишаното во колумната е со каков притисок се соочуваат граѓаните за една демократска акција, која може да има корист за сите, но која се коси со зацртаното од власта. А за Бранко, не е безгрешен, но кој може да собере поголема маса народ? Дечките од Архибригада изедоа ќотек, го снема Граѓанскиот парламент, па убиството на Мартин, па најсвежиот пример со АМАН, гледаш што им се случувало...“

Многу коментари предизвикал и текстот на Деница Апостоловска, активист во ЛГБТ Јунајтед, со наслов: „Кој размислува како се чувствува жената?“. Коментари на тема за човековите права и слободата на избор да се биде каков сакаш, со своја лична сексуална ориентација, но и за положбата на жената кај нас. Интересен е коментарот на некој Филип кој пишува дека и мажите се среќаваат со истите стереотипи и проблеми во животот како и жените, но уште покарактеристичен е коментарот на „Јас“: „Жигосани од општеството, од владеењето на малоумноста и негувањето на стереотипите, тапкаме во место, изложени на суровоста на ова општество. А зошто?“

И редовното ТВ интервју на европретставникот Аиво Орав за Слободна Европа во кое тој вели дека Македонија има демократски капацитет за решавање на политичката криза создадена по случувањата во македонскиот парламент на 24 декември, лани, го предизвикало коментарот на Гоце кој смета дека кажаното е перење мозок и додава: „Да се случеше истото во друга држава, па ние да прашавме дали има демократски капацитет“. Петар, пак само кратко напишал: „Се гледа од километар кој си ја има мувата на капата“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG