Достапни линкови

logo-print

Грција: немаме кампови за обука на терористи


Грчкото министерство за надворешни работи категорично ги демантира наводите на турските медиуми дека во Грција постојат кампови за обука на терористи. „Категорично ги отфрламе и ги демантираме таквите тврдења, кои во последно време без докази повторно се појавуваат во некои турски весници. Во Грција немало и нема кампови на терористи, ниту пак центри за обука на терористи. Земјата стана жртва на тероризам и застана во првите редови на меѓународната борба против тероризмот“, се наведува во соопштението на грчкото Министерство.
XS
SM
MD
LG