Достапни линкови

Експлозии во Митровица и Лепосавиќ на Косово


Митровица

Митровица

Две силни експлозии се слушнале синоќа во етнички мешаната населба „Три солитери“ во севениот дел на Косовска Митровица, јавуваат српските медиуми, додавајќи дека притоа немало жртви и повредени. Се прецизира дека биле фрлени две експлозивни направи по што биле оштетени два автомобила и еден стан. Медиумите јавуваат дека сличен инцидент имало и во Лепосавиќ кога врз тамошната земјоделска аптека исто така била фрлена експлозивна направа, но немало жртви.
XS
SM
MD
LG