Достапни линкови

Кери разговараше за блискоисточниот мировен процес


Новиот државен секретар на САД, Џон Кери телефонски разговараше со израелските и со палестинските лидери. Од палестинска страна соопштија дека Кери разговарал со палестинскиот претседател, Махмуд Абаз пренесувајќи му дека американскиот претседател Обама е заинтересиран за израелско-палестинскиот мировен процес и оти е свесен за економските тешкотии со кои се соочува палестинскиот народ. Официјално беше потврдено и дека Кери имал разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со претседателот Шимон Перес.
XS
SM
MD
LG