Достапни линкови

Панета:Имаше многу информации за Бин Ладен


Поранешниот директор на ЦИА, Леон Панета кој ја надгледуваше операцијата во која беше убиен Осама Бин Ладен, рече дека верува оти лидерот на Ал Каида би можел да биде пронајден и без примена на тешки техники за испрашување против осомничените за тероризам. Панета вчера за американската телевизија НБС изјави дека имало многу делчиња од мозаикот за да се дојде до Бин Ладен. Тој рече дека повеќето од податоците добиени од американските агенти кои го барале Бин Ладен се добиени без засилен распит или нешто што би се нарекло тортура.
Бин Ладен беше убиен во акцијата што ја спроведоа американските командоси во Аботабад, Пакистан, во мај 2011 година. Панета наскоро ќе замине од функцијата секретар за одбрана во САД.
XS
SM
MD
LG