Достапни линкови

logo-print

Груевски - Нема предвремени парламентарни избори


Премиерот Никола Груевски на промоцијата на партискиот кандидат за градоначалник на Скопје Коце Трајановски.

Премиерот Никола Груевски на промоцијата на партискиот кандидат за градоначалник на Скопје Коце Трајановски.

Нема да има предвремени парламентарни избори, туку само редовни локални избори, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на промоцијата на партискиот кандидат за градоначалник на Скопје Коце Трајановски. Тој го повика лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски да учествува на претстојните локални избори. Во својот говор, Груевски директно му се обраќаше на Црвенковски, ословувајќи го само со Бранко.

Во однос на спорот со Грција, Груевски повтори дека нема да има промена на името без пред тоа да има референдум. СДСМ, пак, реагира дека штом Груевски почнува да го форсира спорот за името во корист на својата дневно политичка реторика, тоа е најдобра потврда дека и самиот знае дека ја губи поддршката на граѓаните.
XS
SM
MD
LG