Достапни линкови

logo-print

Попоски на неколку средби на маргините на Конференцијата во Минхен


Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со својот колега, полскиот министер за надворешни работи, Радослав Шикорски на маргините на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со својот колега, полскиот министер за надворешни работи, Радослав Шикорски на маргините на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со својот колега, полскиот министер за надворешни работи, Радослав Шикорски на маргините на Конференцијата за безбедност во Минхен, информира МНР. На средбата се разговараше за европските интеграции, билатералните односи и соработката помеѓу двете земји. Министерот Попоски, информирајќи за претстојните активности на македонското претседавање со Процесот за соработка на Југоисточна Европа во првата половина на 2013, упати покана до Министерот Шикорски за учество на еден од претстојните министерски состаноци во рамки на претседавањето.

Попоски се сретна и со претседавачот на Минхенската конференција, амбасадорот Волфганг Ишингер, при што го покани да ја посети Македонија.

Македонската делегација предводена од Претседателот Ѓорге Иванов и министерот Попоски остварија средба и со министерот за надворешни работи на Турција Ахмед Давутоглу на која беа реафирмирани исклучително пријателските односи помеѓу
двете земји.
XS
SM
MD
LG