Достапни линкови

Демократскиот сојуз сè уште без одлука како ќе настапи на изборите


Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.

Демократскиот сојуз сè уште без одлука дали на локалните избори ќе настапат самостојно или во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Централниот совет на партијата одлучи да почека да се услогласат со ВМРО-ДПМНЕ за да се донесе конечната одлука. За надминување на актуелната политичка криза, Демократскиот сојуз предлага одржување на лидерска средба во поширок состав на која ќе разговара и изгради консензус за формирање парламентарна анкетна комисија која ќе ги расветли сите аспекти сврзани со настаните на 24 декември, враќање на сите пратеници во Парламентот, учество на локалните избори како и за потребата од одржување на предвремени парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG