Достапни линкови

logo-print

Опозицијата на протестен автомобилски караван по улиците на Скопје


Опозицискиот „Сојуз за индината“, предводен од СДСМ, со автомобилски караван по улиците на Скопје протестираше поради, како што велат, „суспендирањето на демократијата и згаснувањето на слободата на изразување“,барајќи предвремени парламентарни избори. Караванот тргна од населбата Аеродром, кај салата на МЗТ Скопје, продолжи низ Центар до населбата Влае, од каде што се врати назад за да заврши пред Владата. Секретарот на СДСМ Андреј Петров рече дека тие се подготвени на разговори, но нагласи дека без предвремени парламентарни избори не се враќаат во Собранието и дека на политичката криза во Македонија не и се ближи крајот. Тој рече дека ако власта реши да организира локални избори без парламентарни, тие ќе ги бојкотираат изборите и ќе ги вратат пратеничките мандати.
XS
SM
MD
LG