Достапни линкови

Турција ги повика ОН да побараат хуманитарен пристап во цела Сирија


Сиријски бунтовници во Хомс.

Сиријски бунтовници во Хомс.

Турција го повика Советот за безбедност на ОН да побара хуманитарен пристап до опколените сиријски градови. Шефот на турската дипломатија Ахмед Давутоглу на Безбедносната конференција во Минхен изјави дека светската организација мора да донесе резолуција со која ќе побара од Дамаск да дозволи хуманитарна помош за луѓето во Алепо, Хомс, Хама и другите конфликтни точки. Тој исто така рече дека Советот за безбедност треба да донесе резолуција со која ќе побара од сиријските владини сили да престанат со неселективните бомбардирања. Давутоглу рече дека „структурите од Студената војна“ останати во Советот за безбедност го спречуваат да дејствува, но дека меѓународната зедница не може да стои настрана додека сиријската влада врши „воени злосторства“ против сопствениот народ.
XS
SM
MD
LG