Достапни линкови

Иран ја повика сиријската опозиција да преговара со владата


Сиријски бунтовници.

Сиријски бунтовници.

Иран ја повика сиријската опозиција да преговара со Дамаск за окончување на конфликтот во земјата. Шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи на Безбедносната конференција во Минхен рече дека двете страни треба да преговараат и да формираат преодна влада која треба да спроведе избори. Сепак, тој ги отфрли барањата на опозицијата за повлекување на претседателот Башар ал-Асад како предуслов за каков било мировен договор. Салехи рече дека се сретнал со лидерот на Сириската национална коалиција Моаз ал-Хатиб на маргините на конференцијата во Минхен и му ја претставил позицијата на Иран, кој е главен сојузник на Сирија. Салехи рече дека се „добар чекор напред“ ставовите на ал-Хатиб дека сиријската опозиција е подготвена да разговара со претставници на владата ако бидат ослободени затвореници.
XS
SM
MD
LG