Достапни линкови

Расмусен - НАТО не се откажува од против-ракетниот систем во Европа


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека Алијансата нема намера да се повлече од плановите за распоредување против-ракетен систем во Европа. САД и НАТО велат дека системот, кој вклучува софистицирани радари и пресретнувачки ракети, е наменет за заштита од потенцијален ракетен напад од Иран или од друга земја. Русија остро се противи на таквиот план, затоа што стравува дека системот може да ја намали моќта на нуклеарниот арсенал на Москва. Зборувајќи пред новинарите за време на Безбедносната конференција во Минхен, Расмусен рече дека НАТО ја поканил Русија да соработува за решавање на прашањата поврзани со против-ракетниот систем и ја повика Москва да ја прифати понудата.
XS
SM
MD
LG