Достапни линкови

logo-print

Техеран е отворен за билатерални разговори со Вашингтон


Министерот за надворешни работи на Иран Али Акбар Салехи.

Министерот за надворешни работи на Иран Али Акбар Салехи.

Техеран соопшти дека е отворен за билатерални разговори со Вашингтон за иранската нуклеарна програма, но со услови. Министерот за надворешни работи на Иран Али Акбар Салехи на Безбедносната конференција во Минхен изјави дека нема црвени линии за директни разговори со Вашингтон, но дека САД мора да дојдат „со чесни и реални“ намери. Тој рече дека е контрадикторно Вашингтон да влезе во преговори, а во исто време да користи „заканувачки јазик“, велејќи дека сите опции, вклучително и воената, се на маса и да воведува санкции. Американскиот потпретседател Џо Бајден вчера ја повтори понудата до Техеран за директни разговори за нуклеарната програма. Салехи исто така рече дека шесте големи светски сили предложиле нова рунда разговори со Иран за 25 февруари во Казахстан.
XS
SM
MD
LG