Достапни линкови

Десетици загинати во напад во Киркук


Архивска фотографија. Бомбашки напад во Киркук.

Архивска фотографија. Бомбашки напад во Киркук.

Десетици луѓе загинаа кога експлодира автомобил-бомба, а вооружени напаѓачи се обидоа да упаднат во полициска станица во градот Киркук на северот на Ирак. Полициски претставници изјавија дека во нападот загинале најмалку 30 луѓе, а околу 70 биле ранети. Сведоците велат дека напаѓачите биле облечени во полициски униформи. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Ова е трет голем напад во близина на Киркук во последните неколку недели. Киркук е етнички мешана средина каде што живеат Арапи, Курди и Туркмени.
XS
SM
MD
LG