Достапни линкови

Египетската опозиција бара соборување на претседателот Морси


Анти-владини протести во Каиро.

Анти-владини протести во Каиро.

Главната опозициска партија во Египет ги поддржа повиците за соборување на претседателот Мохамед Морси. Националниот ослободителен фронт бара Морси да биде изведен пред суд за „убиства и тортура“. Во соопштението од опозицијата се исклучува можноста за дијалог со претседателот сè додека не запрат крвопролевањата. Опозицијата бара крај на „авторитарниот режим и на контролата на Муслиманското братство“. Насилствата во Каиро и ширум Египет продолжија и вчера. Досега загинаа повеќе од 60 луѓе. Власта обвинува дека секуларната опозиција ги поттикнува уличните насилства и дека се обидува да го собори претседателот Морси на недемократски начин.
XS
SM
MD
LG