Достапни линкови

Неделен печат - Политичката криза и спорот за името


Средба на посредникот за спорот за името амбасадорот Метју Нимиц со претставниците на Македонија, амбасадорот Зоран Јолевски и на Грција, Адамантиос Василакис во Њујорк.
Средба на посредникот за спорот за името амбасадорот Метју Нимиц со претставниците на Македонија, амбасадорот Зоран Јолевски и на Грција, Адамантиос Василакис во Њујорк.

Политичката криза и како таа ќе се одрази на решавањето на спорот за името е предмет на анализа во македонските неделници.

Република и Капитал ја опсервираат темата преговори за името, како површина и наводната вина на Црвенковски за нерешавањето на тој проблем, како суштина.

Република - Кој ги урива преговорите за името - „државник“ со ограничена одговорност
На СДСМ му е тешко, ама и на власта не ѝ е лесно. Оваа ненадејна љубов на албанските лидери кон Груевски и кон ВМРО-ДПМНЕ ќе има висока цена. Несомнено, за името се работи оти, нели, евроинтеграциите се приоритетот што го одвел Мендух на Илинденска 2.
Фокус.

Република оди со наслов: „Кој ги урива преговорите за името - државник со ограничена одговорност“, при што зборот државник е ставен во наводници. Повод за текстот е категоричната изјава на Црвенковски по средбата со Груевски дека доколку опозицијата остане надвор од парламентот и не учествува на локалните избори поради однесувањето на власта, бланко поддршката на СДСМ на Груевски за секое решение за спорот, доколку не го доведува во прашање македонскиот идентитет - ќе биде повлечена.
Премиерот Никола Груевски на средба со лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи во владата.
Премиерот Никола Груевски на средба со лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи во владата.

Капитал - Политичка криза за да се скрие или за да се помогне решението за името
Пратениците од власта имаат време и за кафепиење и за дотерување на ноктите и за експрес закони кои инаку би предизвикале остра дебата ако опозицијата беше во своите клупи, а сега се донесуваат во стилот „Трајко експрес“.
Глобус.

Капитал оди со сугестивен наслов: „Политичка криза за да се скрие или за да се помогне решението за името“, при што авторот на анализата смета дека со своите изјави по средбата, Црвенковски и Груевски всушност се позиционираат во однос на можното блиско решение за името.

Фокус - И Албанците го засакаа Груевски!?

И Фокус во уводникот на истата тема - но се исчудува прашално дека „И Албанците го засакаа Груевски!?“, како што е насловен текстот. Пратениците Албанци замижаа за „црниот понеделник“, Ахмети откри „мајстор за политички кризи“ во некогаш природниот сојузник Црвенковски, дури и Тачи, по пет години ја прифати понудената рака за средба со Груевски. Бездруго, на СДСМ му е тешко, ама и на власта не ѝ е лесно. Оваа ненадејна љубов на албанските лидери кон Груевски и кон ВМРО-ДПМНЕ ќе има висока цена. Несомнено, за името се работи оти, нели, евроинтеграциите се приоритетот што го одвел Мендух на Илинденска 2. Тие, пак, не одат без компромис со Грција!, заклучува авторот на уводникот во Фокус.

Глобус - Како работи Собранието без опозиција?

Како работи Собранието на Република Македонија без опозиција?, прашува Глобус. Според новинарите-известувачи од таму, кои по службена должност мора да се во него - лежерно и без многу нервози... Без опозиција. „Пратениците од власта имаат време и за кафепиење и за дотерување на ноктите и за експрес закони кои инаку би предизвикале остра дебата ако опозицијата беше во своите клупи, а сега се донесуваат во стилот „Трајко експрес“ - пишува онлајн изданието на магазинот. А од Владата нема одговор која е потребата, без најголемиот дел од опозиционерите да се предлагаат закони по скратена постапка, завршува Глобус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG