Достапни линкови

70 години од битката за Сталинград


Русија одбележува 70 години од битката за Сталинград. Во рамките на церемонијата која ќе ја предводи рускиот претседател, Владимир Путин, ќе биде приредена воена парада и ќе бидат положени венци на спомен обележјата во градот. Над 650 војници ќе продефилираат во униформа на Црвената армија. Градското собрание на Волгоград одлучи додека трае церемонијата градот да го преземе своето воено име – Сталинград. Советската победа кај Сталинград над германската војска претставува историска пресвртница во борбата против фашизмот во Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG