Достапни линкови

logo-print

Во самоубиствен напад во Пакистан загинаа 24 лица


Дваесет и четири лица, вклучувајќи и цивили загинаа во самоубиствен напад на воен контролен пункт во северозападен Пакистан, соопштија пакистанските власти. Нападот се случи рано изутринава, на 240 километри јужно од Песавар, во нестабилната област недалеку од зоната во која се кријат талибанците. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот кој како што порачаа го извеле како одмазда за поддршката на пакистанската војска на нападите на американските беспилотни летала врз нивните позиции.
XS
SM
MD
LG