Достапни линкови

Оланд во посета на Мали


Францускиот претседател, Франсоа Оланд, пристигна во Мали на куса посета на француските војници и отпочнување на разговорите за воено предавање на западноафриканските трупи. Оланд го придружуваат министрите за надворешни работи, за одбрана и за развој. Посетата на Оланд се случува по воената интервенција во Мали водена од франциуската војска водена со цел да се протераат исламистичките радикали од северот на земјата. Во очи посетата на Оланд, пратеникот на ООН за антигеноцид предупреди од пораст на ризикот од репресивни напади против етничките Туареги и Арапи од страна на трупите на Мали.
XS
SM
MD
LG